За нас

CIVIC-институтот создава знаење со општествено-политички содржини во европски и меѓународен контекст.

Ние поддржуваме способности и вештини на луѓе во училишта и универзитети, јавната администрација, во јавниот живот како и во економијата со цел да развијат долгорочни перспективи, да креираат активно процеси на промена  и да може да дејствуваат информирано и одговорно во контекст на европеизацијата и глобализацијата.

CIVIC-институтот нуди поединечни модули на семинари, сеопфатни и посебно приспособени програми како и едукативни средства за луѓе со европски и меѓународно едукативни предизвици.

Ние нудиме еден обемен спектар на теми со интерактивни методи и публикации лесно применливи за корисниците.

CIVIC-институтот за меѓународна едукација при тоа ја спојува интердисциплинарната способност на експрети од правото, историографијата, политологијата, културните студии, економијата, географијата и филологијата.

Нашиот меѓународен и мултијазичен тим работи ангажирано за Вашите едукативни задачи.

Нашите искуства во обуката и поддршката на припадници на менаџментот и во понатамошната едукација, во развојот на методи и младински проекти, истражувањето во полето на евалуацијата и пристапот кон различни техники на развој на сценарии, ги преточуваме во нашите активности и публикации.

CIVIC-институтот е Ваш партнер за меѓународна едукација. Ние сме надпартиски, немаме конфесионална или религиозна припадност и сме независни. Ориентирајте се со еден поглед кон нашите актуелни проекти.