Интегритет и compliance

За секоја јавна установа, борбата против корупцијата и непоткупливото однесување е од централно значење. Тоа е валидно без разлика дали веќе биле извршени кривични дела, или пак било откриено погрешно однесување. Само со активното превентивно дејствување може да се избегнат финансиски штети што се закануваат, со цел да се заштити јавната установа од губење на довербата од страна на граѓаните.

CIVIC GmbH – Институт за меѓународна едукација, заедно со dbb akademie, нуди, врз основа на долгогодишно соодветно искуство, различни понуди за совет и поддршка, како и обуки кои се засновани на принципот “една коцка врз друга.” Тие опфаќаат изведување на (inhouse) семинари се до изработката и примената на концепти за превенција, во чии рамки систематски се разгледува организационата структура на јавната установа, развојот на персоналот, процесите и внатрешните правила кои се поотпорни кон корупцијата.

Нашата понуда во полето на менаџментот за интегритет ги опфаќа следниве програми:

  • превенција на корупцијата/сензибилизирање
  • цертификации
  • етика и интегритет
  • изработка на превентивни концепти
  • анализа на ризик
  • примери за дејствување од полето на данокот за промет