Меѓународна компетенција

Соработката која што ги надминува јазичните граници и различните културни простори добива континуирано на значење во времето на зголемена интернационализација и миграција. Истовремено, како последица на обединувањето на Европа поради отстранетите ограничувања и растечката мобилност, се создаваат се повеќе можности за средби и соработка со луѓе од други културни и јазични простори. Привремени и долгорочни миграциски движења од професионална и приватна природа го обележуваат нашето време. Далечното не само што е изненадувачки блиску, туку е и присутно.

Во овие услови, се почесто се среќаваме со различни приоди кон размислувањето и различни структури, чии што корени нам не ни се познати и повлекуваат заматени и неточни интерпретации. Не и најмалку важно, проширувањето на Европската Унија кон исток и југоисток на става пред разновидни предизвици и шанси.

Нашите семинари целат кон форсирање на самосвеста и надворешната перцепција, кон овозможувањето да се промени перспективата како и  учесниците да научат да препознаваат солуции за продуктивниот развој.

Успешната соработка се заснова врз взаемна доверба, разбирање и познавање на таа односно тој што е отспроти. Интеркултурната компетенција во комуникацијата и кооперацијата при тоа претставува централна основа- за предавачите, германски и меѓународни работни групи како и за припадници на јавната администрација и разновидните контексти на економијата.

Нашата понуда во полето на интеркултурната компетенција опфаќа:

  • основно познавање интеркултурна компетенција
  • меѓукултура и правда
  • меѓукултура и полиција
  • меѓукултура и медицина
  • меѓукултура и струка
  • Источна Европа  1 - Русија
  • Источна Европа 2 – мигрантки и мигранти од рускојазичниот простор
  • ЕУ – Полска
  • ЕУ – Чешка
  • ЕУ – Австрија
  • ЕУ – Латвија / Естонија / Литванија

Нашата понуда во полето на интеркултурната комуникација ги опфаќа следниве модули:

  • успешниот дијалог со муштеријата
  • телефонот како инструмент за имиџ и PR
  • „безгранична“ телефонска поддршка
  • концепти за разговор насочени кон целната група
  • ефективна подготовка на презентации и прилози кон дискусии