Wishes and visions for Europe- a model for a future of Europe од 24. до 26. април 2015 во Струга, Република Македонија

Во соработка со кооперационите партнери Конрад Аденауер Фондација, Канцеларија во Скопје (Република Македонија) како и Wilfried Martens Centre во Брисел, CIVIC-Институтот за меѓународна едкукација ја оддржа на македонски јазик симулацијата „Фокус Балкан“ од 24. до 26. април 2015 год. со среношколки и средношколци на СОУ „Нико Нестор”.

На почетокот за учениците се организира вовед околу историјата и проширувањето на ЕУ, како и вовед во институциите на ЕУ кои се дел од процесот за проширување. Во рамките на воведната фаза, учениците ја имаа можноста да ја претстават сопствената визија на ЕУ. Тие претставија возбудливи и издиференцирани аспекти околу можната конструкција на ЕУ.

Во наредните два дена, учесниците презедоа улоги на одговорни актери на ЕУ во хотелот „Дрим”, кој што стана нивни Брисел и изведоа еден возбудлив процес на проширување. Се оддржаа интензивни дискусии во Советот, како и во Парламентот и во Комисијата со земјите-апликанти од регионот. Во рамките на фазата на рефлексијата, учесниците ја имаа можноста да известуваат за симулацијата и дадоа еден позитивен фидбек за истата. Понатаму референтите дадоа и еден осврт околу реалната состојба во врска со процесот на проширувањето.

Das Programm finden Sie hier.