Добродојдовте кај
CIVIC - Институт за меѓународна едукација
CIVIC-Институтот за меѓународна едукација ги поддржува способностите и вештините на луѓето во училиштата и на универзитетите, на јавната администрација како и во слободната економија.
Нашите цели се да развиеме долгорочни перспективи за јавниот живот, општеството и економијата, активно да креираме процеси на промени и да овозможиме едно информирано и одговорно делување во контекст на европеизацијата и глобализацијата.
Нашите суштински компетенции се образованието и наобразбата на раководни лица во јавната администрација, но и образованието на приправници, стажанти, студенти и ученици во европскиот контекст. Имаме долгогодишно искуство во развивањето и изведувањето на симулации околу различни тематски области: политики во рамките на климатските промени како и екологијата, економските и енергетските политики, политики во областите на бегалски кризи, азил и миграционите политики како и политиките на пристапување и соседска политика на ЕУ. Дознајте повеќе тука околу нашите теми.
Слободно обратете се до нас доколку имате прашања и желби околу нашите понуди.
Ве очекуваме!
Ние работиме на лице место и на дигитален начин!
Нашите семинари ги изведуваме на лице место со физичко присуство, онлине и како blended learning. Со задоволство ќе ги земеме во предвид Вашите желби околу концептот на семинарот.
Станете дел на нашата екипа!
Бараме студенти кои би сакале да работат како студентски референти во рамките на училишното и вонучилишното образование. Аплицирајте сега!
Теми
Нудиме семинари околу многубројни теми, меѓу друго на пример: политичка едукација, европска политика, развој на менаџерски персонал, заштита на податоци, интегритет и compliance, меѓународни компетенции, учество на младинци.
Методи
Во нашите семинари му даваме посебно значење на партиципативниот пристап за учесниците. Од таа причина работиме со иновативни workshop-пристапи, како и партиципативни методи, на пример симулации. Низ сопственото искуство и доживување им овозможуваме на учесниците едно подлабоко разбирање на пренесените содржини.