Идентифицирање и приоѓање кон области ранливи од корупција на локално ниво

 width=

Овогодишната регионална конференција во рамките на Развојната програма на Обединтетите нации (United Nations Development Programm, UNDP) околу темата "Идентифицирање и приоѓање кон области ранливи од корупција на локално ниво" во Скопје од 03. до 04. Октомври 2013 год. се оддржа со активна поддршка на CIVIC-Институтот за меѓународно образавание.

Повеќе од 80 учесници од југо-источна Европа, Евроазија и Америка дискутираа околу превенцијата на корупцијата на локално ниво. Истовремено учесниците ја имаа можноста интензивно да разменат best practice-примери и да дебатираат околу нивните искуства со новите инструменти во областа на превенцијата на корупцијата.

Холгер Михаел Арндт од CIVIC-Институтот за меѓународно образавание го претстави германскиот пристап кој подразбира составување на еден атлас кој што го прикажува степенот на ранливоста односно степенот на опасноста од корупција. Овој пристап подразбира собирање на податоци како и нивна анализа. Добиените резултати го прикажуваат степенот на опасноста и со тоа овозможуваат и идентификација на областите кои се посебно ранливи за корупција. Истовремено, овој метод овозможува и проверка на постоечките инструменти за заштита од страна на вработените.

Дискусијата ќе продолжи во 2014 год. на регионалната конференција на UNDP во Панама.

Hereyou can find the program of the UNDP conference.