Policy-анализи

Политиката нема само институционално-правен карактер на polity, туку поседува и процесуално-комуникатвна policy-димензија.

Учесничките и учесниците на нашите семинари со помош на policy-анализи ја изработуваат реалната политика, нејзините канали за моќ и партиципација, решавачките карактерни особини.

Политичките одлуки како договорот за SWIFT, директивата за услужна дејност и наредбата “Reach“ за хемикалии, никогаш не се само резултат на дејствувањето на институциите на правото. Удел имаат и меѓународни организации, општествени актери, здруженија, како и непредвидливиот развој на нештата. Тие мора да се разгледуваат за да се разбере кои патишта на одлучување биле земени и каде во иднина е можна партиципација.

Ние применуваме policy-анализи со цел да ги направиме практично употребливи основните семинари со помош на конкретната работа. Кој како експерт или како граѓанин не би сакал да биде подложен на имплементацијата на закони, туку би сакал рано да изврши свое влијание, може многу да научи од реалната политика со помош на policy-анализата.