Учество на младите

Негодувањата во врска со непостоечкиот ангажман на младите луѓе во општеството се толку стари колку е и стар обидот да се вклучат младинците во политичките структури на возрасните и да учествуваат во креирањето на политиките. Во контекст на ова, се повеќе чинители во политиката како и младинци ја разбираат потребата дека децата и младинците треба уште порано да бидат активно вклучени во општествените процеси. Како тоа може да се изведе успешно за младинци и возрасни е предизвик кој подразбира стручни и педагошки познавања во врска со учеството на деца и младинци. „Успешното учество на младинците” ги вклучува очекувањата на младинците како и размислувањата на возрасните.

Нашата понуда опфаќа:

  • Стручен совет при претстојни комунални и регионални процеси на учество
  • Информативни семинари околу различни модели на учество на младинци, како за младинци, така и за возрасни
  • Поддршка на комунални и регионални актери при имплементацијата на мерки за учество на деца и младинци
  • Coaching на локални актери при имплементацијата на учество на младинци на лице место
  • Документација (и евалуација) на имплементираните мерки за учество на деца и младинци